Неколку часа траело гаснењето на пожарот кај Лугунци – велешките пожарникари дејствувале на два фронта

Објавено: 22 септември, 2025, во 14:32 часот

Велешките пожарникари вчера, во 14:05 часот примиле дојава за појава на пламен и чад во близина на село Лугунци, велешко. Тројца пожарникари со едно противпожарно возило веднаш се упатиле кон местото кадешто започнале да го гаснат пожарот на два фронта.

Како што известуваат од ТППЕ Велес, поради силниот ветер и големата опфатена површина било побарано и дополнителна помош.

-Четворица пожарникари колеги со уште едно противпожарно возило пристигнаа на местото каде беше зафатена поголема површина по неколкучасовна борба со огнената стихија пожарот беше локализиран и целосно изгнаснат, додаваат од ТППЕ Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.