Поповски: Следува големо заладување и обилни врнежи, следната седмица доаѓа и првиот снег
Објавено: 26 септември, 2025, во 09:01 часот
„Под влијание на циклонска активност со центар над Џенова, во Македонија следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд коишто повремено ќе бидат обилни и поројни како и проследени со локална појава на грмежи и со засилен ветер од југоисточен правец. Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 20/25 литри на метар квадратен дожд).
Во Скопје и околината следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд и тие повремено ќе бидат обилни и поројни, со услови за појава на грмежи како и со засилен ветер од југоисточен правец.
Во исто време од исток и од северосток кон Македонија ќе продира значително поладен воздух и истиот ќе услови температурите да опаднат за околу или за повеќе од 10 степени во споредба од оние температури кои ги имавме во изминатите денови. Наутро минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 14 степени.
Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачува до околу 16/17 степени.
Ладно време за самиот крај на септември и за почетокот на октомври ќе имаме следната седмица со потрпосечни температури на воздухот. На планините во регионот и во Македонија, во текот на следната седмица, ќе има и првите врнежи од снег за оваа сезона“, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк


