Велешанец продавал амфетамин на малолетничка, приведен во полиција
Објавено: 26 септември, 2025, во 14:39 часот
Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 20:20 часот го лишиле од слобода дваесет и две годишниот Ј.А од Велес.
-Тој бил затекнат при обид да продаде амфетамин на малолетничка од Велес, а откако ги забележал
полициските службеници ја проголтал дрогата. Ј.А. е приведен во полициска станица, а со
малолетничката е извршен службен разговор во присуство на родител, пишува во дневниот билтен на СВР Велес.
Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против Ј.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк


