Две семејства пријавиле оштетување на надгробни плочи на гробишта во црква „Свети Спас“ во полиција

Објавено: 26 октомври, 2026, во 14:41 часот

Во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера, недела, 25 октомври, две семејства пријавиле оштетени надгробни плочи на гробни парцели во двор на црква „Свет Спас“ во Велес. Оттаму велат дека превземаат мерки за расчистување на овој случај и пронаоѓање на сторителите.

„На 25.10.2026 година во СВР Велес се добиени две пријави за оштетени споменици во дворот на црквата Св. Спас. Полициски службеници презедоа мерки и активности за утврдување на причините и околностите под кои настанало оштетувањето и извршен е службен разговор со вработени во ЈКП Дервен. СВР Велес презема понатамошни службени дејствија и проверки за утврдување на причините за настанатите оштетувања и пронаоѓање на сторителите,“ гласи одговорот на поставените новинарски прашања на Дума.мк.

Убавка Јаневска 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.