Пожар зафати продавница во зграда и се закани на четири станови во Неготино
Објавено: 27 септември, 2025, во 13:55 часот
Пожарот настанал доцна вчеравечер, околу 23:05 часот, кога и е пријавен во Одделението за внатрешни работи Неготино. Пламенот избил пред објект на правно лице во зграда на улица „Јане Сандански“ во Неготино и се проширил притоа делумно зафаќајки ја зградата во која биле опожарени и надворешни делови од четири станови.
-Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Неготино. Увид на местото изврши увидна екипа од ОВР Неготино, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Граѓани на Неготино, вчеравечер, емитуваа повеќе видеа од пожарот на социјалната мрежа Фејсбук.
Убавка Јаневска


