Издумани Крлевизми: Јас верувам во подобро задутре. Ништо не бива преку ноќ!

Објавено: 14 ноември, 2025, во 13:53 часот

Овој петок ги објавуваме 10-те најнови афоризми на велешанецот Атанас Крлевски, познат македонски афористичар и сатиричар. Афоризмите се создадени на теми коишто се секојдневни и се дел од животот на граѓаните. Перото на авторот ги напишало со цел да испрати пораки!

„Љубовта е пасош, а довербата виза за брак.“

„Моите очи гледаат едно, а мојот грб друго.“

„Ако возрасните сме попослушни, на децата кај ќе им е крајот?“

„Оценувај, а не потценувај!“

„Злобните ти бараат добрини, а откако ќе ги добијаат разгласуваат дека си будала.“

„Каде оди овој свет? Граматиката да ја остави само на јас и ние!“

„Замислете си! Постигнавме фантастични резултати.“

„Од мојот праг на толеранција ги шутирам лигушите.“

„Си ги знам сите лоши особини. Имам вистински пријатели.“

„Јас верувам во подобро задутре. Ништо не бива преку ноќ!“

Афористичар и сатиричар

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.