Издумани Крлевизми: „ Злочин без казна? Хаос!“

Објавено: 30 октомври, 2026, во 09:03 часот

Петок е ден во кој што афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски за читателската заедница на Дума.мк ги објавува своите најнови 10 афоризми:

„Чувства, а не зборови – рече љубовта.“

„Добриот збор е лек со моментално дејство.“

„Лошиот пример не е посилен од добриот, но делува на слабите.“

„Жената е како сонце со заби. Сите ги осветлува, а малкумина грее!“

„Злочин без казна? Хаос!“

„Жал ми е за тие кои постојано се жалат.“

„Понекогаш е корисно да ти паѓа напамет некоја глупост.“

„Тешко на работникот ако неговиот шеф секој ден станал на левата нога.“

„Умните, за секоја работа, оставаат сомнежот да си ја заврши работата.“

„Постојам – не значи дека живеам.“

Вашиот,

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.