Рибочуварка на Тиквешко езеро пријавила напад од брачен пар

Објавено: 15 ноември, 2025, во 12:41 часот
Фото: Архива на Дума.мк

Четириесет и шест годишната М.П.(46) од Кавадарци, вработена како рибочувар, вчера го пријавила нападот во Одделение за внатрешни работи Кавадарци.

„На 14.11.2025 во 13:43 часот во ОВР Кавадарци, М.П.(46) од Кавадарци пријавила дека во 11:30 часот во населба Брушани на Тиквешко Езеро, кавадаречко, додека извршувала службени задачи како рибочувар, била физички нападната Г.С. и неговата сопруга, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.