Нови обилни дождови, од викендов заладување и снег на планините

Објавено: 21 ноември, 2025, во 08:25 часот

„Денес, петок, 21 ноември, територијата на Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд и силен ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над  60 км/час. Локално, за 24 часа, повторно ќе наврне големо количество на воден талог, над 30 литри дожд каде овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме.

Поради ваквата состојба апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила  и да не се движат покрај водотеците. Можни се и нови поплавувања поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд.

Се ова е последица на влијанието на циклонската активност од Џенова  која условува да имаме серија на големи влажни воздушни бранови, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.