Жена од Неготино измамена за сума од 720 евра

Објавено: 27 ноември, 2025, во 14:43 часот

Дваесет и седум годишната Неготинка, вчера попладне, во Одделение за внатрешни работи Неготино, пријавила измамата што и се случила минатиот месец.

„Според пријавеното, жената во месец октомври, преку мобилна апликација остварила комуникација со лице што продавало текстил на социјална мрежа, а потоа парите ги уплатила на сметка преку апликација за меѓународен трансфер на пари, на лице од Р.Турција. По неколку денови пријавителката се обидела да оствари контакт, но не добила одговор, била блокирана и сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.