Прва крводарителска акција во Горно Јаболчиште во Општина Чашка, 13 жители за прв пат дарители

Објавено: 30 декември, 2025, во 09:43 часот

Тринаесетте жители на село Горно Јаболчиште со вчерашното дарување на крв се приклучија на најхуманото семејство на Општинската организација на Црвен крст Велес. Освен нив на првата организирана крводарителска акција, во ова населено место во Општина Чашка, учествуваа уште седум крводарители.

Според Орце Николов, секретар на ООЦК Велес првата крводарителска  акција во Горно Јаболчиште се реализирала  во петокот, на 26 декември.   

-Официјално, жителите од Горно Јаболчиште ги впишавме на мапата на крводарители. Меѓу нив беше и актуелниот градоначалник на Општина Чашка, Суат Шаќиров, додаде Николов.

Крводарителска акција ја организираа  Општинската  организација на Црвен крст Велес, Инситутот за трансфузиона медицина Скопје помогнати од Општина Чашка и ООУ „Лирија”. 

Според Николов, општинскиот Црвен крст во 2025 година организираше 31 акција и според календарот првата крводарителска акција во 2026 година планирана е за околу 20 јануари.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.