Советот на Општина Велес го прифати Ценовникот за парирање на возила во трите зони во градот

Објавено: 3 ноември, 2026, во 14:55 часот
Фото: Општина Велес

Четириесет денари во зона А, 30 денари во зона Б и 20 денари  зона Ц 20 денари ќе изнесува паркирањето на возилата на велешките паркинзи. Истите цени ќе важат и за секој нареден започнат час. Толерантниот период изнесува 10 минути. Само лицата со попречености нема да плачаат паркинг место.

Советот на Општина Велес, на последната седница, го прифати предлодожениот Ценовник на услуги донесен од страна на Управниот одбор на ЈП „Парк-Спорт и Паркинзи“ – Велес.

Наплатата за користење на паркинг место во зимскиот период од понеделник до сабота ќе важи од 7 до 21 часот додека во летниот период од 7 до 23 часот. Во недела и на државни празници паркирањето ќе биде бесплатно.

Ценовникот овозможува користење на дневна услуга со цена на чинење од 500 денари.

Исто така, ќе се воведе и Резидентна паркинг дозвола, за прво возило во временски период, од еден месец по цена од 300 денари, за три месеци за 800 денари, за шест 1.500 денари и за 12  месеци 3.000 денари, додека за второ возило за еден месец по цена од 500 денари, за три месеци за 1.400 денари, за шест месеци по цена од 2.600 денари и за 12 месеци по цена од 5.000 денари.

Ценовникот предвидува и Деловна паркинг дозвола. Таа за паркирање во Зона А за еден месец ќе чини 3.000 денари, за три месеци 8.500 денари, за шест месеци 16.000 денари и за 12 месеци 30.000 денари. Во Зона Б за еден месец 2.200 денари, за три месеци 6.200 денари, за шест месеци 11.800 денари и за една година 22.000 денари. Во Зона Ц цените се најевтини поточно изнесуваат половина од цените кои се одредени за паркирање во Зона А.

Паркинг дозвола ќе можат да користат вработени во институциите кои за еден месец ќе плаќаат 300 денари, за три месеци 800 денари, за шест месеци 1.500 денари и за 12 месеци цена од 3.000 денари.

Ценовникот исто така овозможува користење на услуги за Претплатничка дозвола по зона за физички лица и за правни лица како и Годишна претплатничка дозвола за сите зони за физичколице која изнесува 35.000 денари за едно возило и за правно лице 45.000 денари за едно возило.

Засега не е утврден точниот датум на користење на платен паркинг во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.