Возач со 2,45 промили алкохол во крв удрил во столб на мост кај село Извор
Објавено: 17 јануари, 2026, во 12:18 часот
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 17:00 часот го лишиле од слобода И.П.(43) од село Владиловци, општина Чашка.
-Претходно, на регионален пат Велес- село Извор, поточно на мостот на река „Бабуна“, тој со патничко возило „шкода“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во бетонски столб од мостот. При преземање мерки во врска со незгодата, било констатирано дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 2,45 промили алкохол во крвта. И.П бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес
Убавка Јаневска


