Издумани Крлевизми: „Ја прашав ВИ дали ги знае моите тајни. Исто како жена ми – поима немала!“
Објавено: 23 јануари, 2026, во 10:43 часот
Петок е и време за нови 10 „Издумани Крлевизми“ напишани од афористичкото и сатиричкото перо на Атанас Крлевски. Еве што тој напиша за читателската заедница на Дума.мк:
„Не ги слушал, па го прислушувале!“
„За жена ми сум човек по мерка. Затоа ме сака безмерно!“
„Ние чувавме домашни животни, а нашите деца – домашни миленичиња.“
„Мислата ми е побрза од устата, па ја заборавам додека ја кажам.“
„Денес, правдата не може да се сретне ниту случајно. Каде се крие, не знае и Калимеро.“
„Никако да ја најдам поубавата половина. Веројатно го спасува светот.“
„Работата го прави човекот… да не го расипат парите.“
„За една вистина, милион лаги!“
„Работливоста го открива талентот, а мрзата го крие.“ „Ја прашав ВИ дали ги знае моите тајни. Исто како жена ми – поима немала“
Вашиот, Атанас Крлевски


