Велешка полиција фати повеќекратен крадец, дел од пленот вратен на ограбени велешани
Објавено: 2 февруари, 2026, во 11:25 часот
Полицски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, во 20:2025 часот лишиле од слобода крадец кој извршил повеќе кражби во градот.
Лишен од слобода е А.Р.(35) од Велес. Тој се сомничи дека на неколку локации во Велес извршил кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопствениците. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настаните, по што против А.Р. ќе биде поднесена соодветни поднесоци,“ соопшти портпаролката Ана Милевска Георгиева.
Убавка Јаневска


