Издумани Крлевизми: „На врвот не дуваат ветрови. Дуваат ветришта!“

Објавено: 6 февруари, 2026, во 11:22 часот

Во петочниот отстапен простор за афорими и сатира, Атанас Крлевски ви презентира 10 најнови афоризми од сопственото творештво. Афористичкото перо напиша:

„Сопругата ја прогласив за жена на јануари. Не го пробивме домашниот буџет.“

„Ама, каков нов пат! Сте залутале.“

„Животот му помина по постојана потрага на упатство за употреба.“  

„На врвот не дуваат ветрови. Дуваат ветришта!“

„Мајката и сонцето ве греат и кога не ве гледаат.“

„Пред луѓето, а не пред огледалото!“

„Бесплатната дозвола не е нешто ново. Јас имам за правосмукалката од првиот брачен ден.“

„Лесно ги надминав родителите. Секогаш им бев во виднпото поле.“

„Во претставите на големите режисери играат големи глумци.“

„И славејот има непријатели. Птиците што не знаат да пеат.“

Вашиот, Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.