Велешани почесто менуваат имиња отколку презимиња, зошто тоа го прават?
Објавено: 17 февруари, 2026, во 13:41 часот
Велешани менуваат имиња и презимиња. Тоа го прават најчесто граѓаните кога се исселуваат во странство поради проблеми кои им ги создаваат одредени букви од кирилицата. Причина се преводите на буквите „ц, џ, ш, ќ и ѓ“ во имиња и презимиња. Тие во држави во странство ги нема и им создаваат проблеми при добивање на официјалните документи како лична карта или здравствена книшка, велат од Управата за водење на матични книги во Велес.
Во последните години забележана е и промена на имиња, на возрасни граѓани, претежно на мажи, кои од првично добиеното име го вадат деминутивот или од името крајниот слог кој завршува на „че“ и „чо“ што прикажано низ примери би било од Ефтимчо – Ефтим, од Марјанчо – Марјан од Бојанчо – Бојан или од Трајанчо – Трајан.
Евиденцијата на Подрачното одделение на оваа државна служба во Велес, во 2025 година, покажува дека комплетни имиња или презимиња промениле 17 велешани .
Исто така, се менуваат и имиња од кои претежно незадоволни се жени кои си избрале наместо Благојка, Стојанка, Иванка посовремено име а постои и случај кога велешанка не била задоволна што родителите и го дале првично името Моника па девојчето си избрало име што сметало дека повеќе и се допаѓа.
Генерално, според сознанија на Управата за водење на матични книги во Велес, промената на името а и на презимето кај некои велешани се прави од што се приморани но кај други и од што сметаат дека не мораат цел живот да ги носат ако тие сами не ги избрале.
Убавка Јаневска


