По тепачка во домот велешка полицијата привела татко и син на кој му биле измерени 2,93 промили алкохол во крвта

Објавено: 18 февруари, 2026, во 12:15 часот

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, (СВР Велес) вчера доцна попладне,  во 18:30 часот , ги лишиле од слобода 30-годишник од Велес и неговиот 58 – годишен татко, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом, синот му се заканувал и се обидел физички да го нападне неговиот татко, по што тој му возвратил.

„Тие биле приведени во полициска станица, а при преземање мерки било констатирано дека 30-годишникот бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2,93 промили алкохол во крвта, по што бил задржан. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти Ана Милевска георгиева портпаролка на СВР Велес .

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.