Кривична пријава од полицијата заработија двајца мажи кај кои биле пронајдени пушка, муниција и алати што припаѓаат на културно наследство

Објавено: 13 март, 2026, во 15:00 часот

Кривична пријава заработија од велешката полиција, двајца мажи поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, казниво по член 265 од Кривичниот законик. Сектор за внатрешни работи Велес кривична пријава поднесе до Основното јавно обвинителство Велес против В.Д.(46) од Виница и З.Н.(49) од Штип.

„На 18 септември, минатата година, во населба Превалец во Велес, полициски службеници од СВР Велес, сопреле патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д., а сопатник бил З.Н. и при преглед во возилото биле пронајдени и одземени над 300 парчиња муниција и пушка, без соодветна документација и разновиден алат, по што тие биле лишени од слобода и задржани во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител. Увид на одземените предмети извршил кустос советник-археолог, кој констатирал дека пронајдените пушка, метална каса за муниција и куршуми се третираат како дел од културно наследство.“ соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.