Се превртел автомобил на локален пат Кавадарци – село Ресава, возачот бил пијан и немал возачка дозвола
Објавено: 2 април, 2026, во 14:18 часот
Незгодата се случила триесетина минути по полноќ, на 2 април, годинава, на локален пат Кавадарци-село Ресава, кавадаречко. Во сообраќајката учествувало патничко возило „даеву ланос“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(19) од село Бегниште, кавадаречко.
-Возилото се превртело на коловозот на патот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци каде е задржан на лекување. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека И.Д. го управувал возилото без положен возачки испит и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. По насоки од јавен обвинител возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска



