Дваесет и девет годишен велешанец физички ја нападнал три години постарата партнерка
Објавено: 10 април, 2026, во 10:58 часот
„Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 15:30 часот го лишиле од слобода 29-годишник од велешко село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 32-годишна партнерка.
Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР Велес.
Убавка Јаневска



