“Христос Воскресна – Навистина Воскресна“, велешани го слават Велигден (фото)

Објавено: 12 април, 2026, во 10:56 часот

Биеја камбаните вчера вечер, точно на полноќ, во сите духовни храмови во Велес и ја најавија радосната вест за воскресението Христово. Токму присуството на соопштувањето на радосната вест беше причина стотици граѓани да ги исполнат сите храмови во градот, најблиску до нивните домови, и да присуствуваат на полноќната богослужба. Радосната вест ја соопштија свештениците на Епархија Повардарска со зборовите: „Христос Воскресна“ на што граѓаните додадоа: „Навистина воскресна“.

Воскресението Христово беше одбележано и со кршење на вапцаните јајца што верниците ги носеа со себе, како што налага традицијата, како и со палење на свеќи и кажување на молитвата со која се бара здравје за сите членови на семејството, спокој на душата, љубов во срцата и благосостојба во домот.

Фотографиите на Дума.мк ја прикажуваат атмосверата во црква и двор на „Свети Кирил и Методиј“ во Велес.

Велигден се слави три дена.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.