Издумани Крлевизми: „Во црно-бел свет и зебрите не сакаат да живеат“
Објавено: 13 април, 2026, во 09:12 часот
Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски и неговите најнови афоризми, наместо во петок, поради одбележувањето на Велигденските празници, во денешниот понеделничен ден на заедницата на читатели на Дума.мк и ги пренесува впечатоците од секојдневниот живот напишани со афористички јазик.
„Сакам фалби… ако се со усул!“
„Ако ги исклучите крајностите, ќе добиете нови крајности.“
„Молчењето ми е избор. Барем по едно да сум мудар.“
„Во црно-бел свет и зебрите не сакаат да живеат.“
„Разумот ми зборува едно, а јас друго.“
„За пари остана без пари!“
„Ден – година? Денот кога ја придружувам жена ми во шопинг.“
„Имам ретко занимање. Си ја гледам мојата работа.“
„Молчам со женски акцент. Значи – ретко!“
„Грешките си ги повторуваме во континуитет, па нели повторувањето е мајка на знаењето.“
Вашиот,
Атанас Крлевски


