(Видео и фото) Пред започнување на летото ќе биде готова атлетската патека на велешки Градски стадион, соопшти министерот Ристовски – градоначалникот Колев додаде од денеска се асвалтира подлогата за новиот тартан
Објавено: 17 април, 2026, во 14:30 часот
Реконструкцијата на атлетската патека на велешки Градски стадион „Зоран Паунов“ е во полн ек. Градежните машини веќе работат на асвалтирање на подлогата на која ќе се поставува новиот тартан. Што конкретно се работи на ставионот во Велес денеска виде и министерот за спорт Борко Ристовски. Него лично го информираше Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.

Според министерот Ристовски, издвоените околу 20 милиони денари од државниот буџет, преку Министерство за спорт, се инвестиција чија цел е да се подигне квалитетот на стадионот и да се овозможат услови за развој на атлетиката која што, како спортска дисциплина, кралица е на сите спортови и многу значајна за развој на сите останати спортски дисциплини. Ристовски е задоволен од динамиката на изведување на градежните работи и според него атлетската патека ќе биде пуштена во употреба пред почетокот на летото. Тогаш ќе биде ставена на располагање како на професионалните спортисти така и на граѓаните рекреативци како и на најмладите велешани, со цел да спортуваат и го развиваат физичкото здравје. Ристовски додаде:
Атлетската патека се реконструира по 20 годишно континуирано барање од страна на велешани како и по 44 години од нејзината изградбата на стадионот, рече градоначалникот Марко Колев. Тој додаде дека од денеска започнува асвалтирањето на подлогата на патеката додека од понеделник, 20 април, ќе започне и поставувањето на тартанот. Општината подготви проектна и техничка документација, обезбеди ревизија, надзор и одобрение, рече Колев и додаде:

Инаку, атлетската патека на велешки Градски стадион „Зоран Паунов“ има површина од 4.700 м2 од кои 3.900 м2 се во кружен облик а останатите се во права линија за трчање на 100 метри. Патеката има шест ленти и две за трчање на 100 метри.
Убавка Јаневска


