Ванов, Муратов, Реџепи и Крстевски победници на ендуро трките во Велес

Објавено: 2 јули, 2026, во 17:11 часот

На ендуро полигонот „MX Track Motoveles“ во Велес викендов се возеа првата и втората трка од Државниот ендуро шампионат на Македонија.

Традиционалната спортска манифестација, која се одржува 16-та година по ред, беше во организација на „Мото Велес“, Мотоциклистичката федерација на Македонија и Општина Велес.

На првата трка, одржана на 27 јуни, најдобар во класата Е1 беше Драган Ванов од „Мото Велес“, со време 11:32. Во Е2 победи Алмедин Муратов, исто така од „Мото Велес“, со време 13:00. Во класата Е3 првото место го освои Берат Реџепи од „МотоКрос Драодакум“, додека во Е-јуниор најбрз беше Давид Крстевски од „Мото Велес“.

Ванов беше најбрз и во генералниот пласман на првата трка, пред Давид Крстевски и Јакуп Јакупи.

На втората трка, возена на 28 јуни, Драган Ванов повторно беше најдобар во Е1 и во генералниот пласман, со време 11:10. Алмедин Муратов ја потврди доминацијата во Е2, Берат Реџепи повторно славеше во Е3, а Давид Крстевски беше најдобар во Е-јуниор конкуренцијата.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.