На 1 Мај невообичаено ладно време со утрински мразеви
Објавено: 28 април, 2026, во 09:09 часот
„Под влијание на значително ладна воздушна маса од север, на 1 Мај 2026 во Македонија ќе имаме променливо облачно,невообичаено ладно време со сончеви периоди за самиот почеток на месец мај. Ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд особено во попладневните часови а на планините над 1400/1500 метри надморска височина ќе провејува снег.
Ќе биде и ветровито, односно повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец.
Во Скопје и околината на 1 Мај 2026 времето ќе биде променливо облачно и ладно за самиот почеток нас месец мај со сончеви периоди. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.
Во утринските празнични часови на денот, температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 8 степени со што особено во повисоките населени места и на планините ќе има појава на утрински мразеви. Да напоменам дека, утрото на планините со поголема надморска височина температурите ќе бидат уште пониски. Во Скопје и околината пак ќе се спушти до околу 4 степени.

Максималните дневни температури на воздухот во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени а во Скопје и околината ќе се искачи до околу 16 степени.
Морам да напоменам дека овие температури кои ги очекувам за овој ден ќе бидат пониски од пресечните дури за околу над 10 степени,“ соопшти метео прогнозерот Славчо Попоски.
Дума.мк



