Стабилно и суво време со повремени сончеви периоди
Објавено: 4 ноември, 2026, во 08:03 часот
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а температурата ќе се движи од 4 до 15 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен од северозападен правец.
Во Скопје ќе преовладува претежно облачно време со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 11 степени.
Од денеска следува период на стабилно и суво време со променлива облачност. Во наредните денови, вклучително и во петок и сабота, ќе има услови за појава на утринска магла.
Од петок облачноста ќе се намали, а за време на викендот се очекуваат постудени утра, при што минималната температура на одделни места ќе се спушти под нулата, гласи прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР),.
Дума.мк


