Неготинец возел без возачка дозвола а кавадарчанец под дејство на алкохол – полицијата ги привела

Објавено: 14 мај, 2026, во 13:20 часот

Фото: Архива на Дума.мк

Полициски службеници ги лишиле од слобода двајцата возачи, првиот од Криволак а вториот од Кавадарци затоа што го прикршиле законот додека нивните возила им се привремено одземени. Неготинецот од Криволак затоа што возел без возачка и кавадарчанецот под дејство на алкохол.

„На 13.05.2026 во 19:50 часот во село Криволак, неготинско, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Б.С.(32) од село Криволак. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Б.С. и по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. Тој бил приведен во полициска станица, возилото било привремено одземено, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.05.2026 во 05:30 часот на улица „7 Септември“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода К.В.(46) од Кавадарци. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од К.В. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,31 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, возилото било одземено, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.