Во утрешниот ден, сабота, многу врнежи и невреме

Објавено: 15 мај, 2026, во 08:59 часот

„ Територијата на Македонија, утре, сабота, 16 мај, ќе биде под влијание на циклонска активност со центар над Џенова. Токму ова ќе услови да имаме променливо облачно и нестабилно време со честа појава на обилни врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално пак атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен за кратко време) силен ветер (над 70 км/час) силни електрични празнења  и со услови за појава на град.

Во Скопје  и околината исто така времето ќе биде многу нестабилно со честа појава на врнежи од дожд, грмежи и со засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, силни електрични пранзења и со услови за појава на град.

Температурите пак наутро ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 23 степени. Во Скопје и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 11 степени а преку денот таа ќе се искачи до околу 22 степени.

Апелирам во случај на појава на силно невреме на поголема претпазливост. Односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер да се заштитат автомобилите, односно истите да не се ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени,“ соопшти метео прогнозер Славчо Попоски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.