Велешанец „фатен“ како оштетува возила, завршил во полициска станица оти бил и под дејство на алкохол
Објавено: 22 мај, 2026, во 12:31 часот
Лишен од слобода, во 01:00 часот вчера по полноќ, бил велешанецот П.Н.(31) кого полициски службеници го затекнале како врши оштетување на возила.
-Тој оштетил три патнички возила паркирани на улица „11 Октомври“ и едно патничко возило паркирано на ул. „Никола Карев“ во Велес. При преземање мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,47 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител, соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
Оттаму додаваат дека по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветени поднесоци.
Убавка Јаневска


