Лишени од слобода полнолетни велешанец и карасларец а приведен и малолетник за откриена марихуана – друг велешанец физички нападнал полицајци  

Објавено: 24 мај, 2026, во 13:39 часот

Кај двајцата 19 годишници, по еден од Велес и од село Долно Караслари како и две години помладиот или малолетен карасларец полициските службеници пронашле марихуана. Малолетникот успеал да побегне но подоцна сепак бил приведен во Полициска станица на Сектор за внатрешни работи (СВР Велес). Во изминатите 24 часа се случило и нарушување на јавен ред и мир од втор велешанец кој при приведувањето физички нападнал полициски службеници.

„На 23.05.2026 во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода М.А.(19) од село Долно Каласлари, велешко и Ј.П.(19) од Велес, а во 15:15 часот лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.А. , а сопатници биле Ј.П. и малолетникот, кој излегол од возилото и побегнал, при што фрлил пари и марихуана, кои биле пронајдени и одземени. При преглед во возилото била пронајдена и одземена маихуана, а М.А. и Ј.П. биле лишени од слобода и известен бил јавен обвинител. Подоцна, со судска наредба, извршен бил претрес во домот на малолетникот во присуство на негов родител, каде биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, телефон и пари. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а потоа и спроведен во Основно јавно обвинителство Велес. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 23.05.2026 во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Н.(31) од Велес. Тој на улица „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување и при приведувањето физички ги нападнал и полициските службеници. По преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,22 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од СВР Велес.

Убавка Јаневска    

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.