Нови издавачки потфати на Македонскиот стрип-центар
Објавено: 26 мај, 2026, во 12:09 часот
Македонскиот стрип центар годинава издаде два броја, 39 и 40, на списанието „Стрип-креатор“, единственото стрип списание во Македонија. И уште во ПДФ формат, бројот 40 на списанието беше пријавено на конкурс на Стрип фестивал „Супертун“ во Шибеник, Хрватска каде влезе во петте најдобри стрип изданија на стрип издавачи.
-Неуморниот труд на центарот му донесе на списанието огромен меѓународен углед. Како крунски доказ за квалитетот, броевите 38 и 40 влегоа во потесен избор за престижни награди. Номинациите беа обезбедени во жестока конкуренција на фестивалот. Овој голем успех се повтори и оваа година. Јубилејниот број 40 повторно целосно го шармираше меѓународното жири, рече Томче Трајков стручен соработник и промотер.
Освен со овие два броја на реномираното списание, кое излегува 23 години, и го доживеа јубилејниот 40 број, исто така, Стрип центар Македонија го издаде и деветиот број на „Стрип алманах“, како посебно периодично издание.

-Деветиот број е објавен во месец април, годинава. Ова издание е замислено како директен партнер на постојаното списание „Стрип креатор“. Неговиот прв број излезе во 2015 година. Главната цел беше да се ублажи недостатокот на простор за објавување на домашните уметници. Поголемиот дел од делата се создадени и финализирани за време на Меѓународната стрип колонија во Велес. Во ова списание целосно доминираат домашните автори. Тоа го прави „Стрип алманах“ вистински и верен одраз на новиот, свеж македонски стрип бран, додаде Трајков.
За Стип центар Македонија за посебен успех на спроведување на годинешната програма го смета објавувањето на стрипот „Враќањето на Стариот мачор“. Тој е дело на Андрија Мауровиќ и Руди Аљиновиќ. Ова издание претставува македонски превод на авантурите на познатиот истоимен стрип херој.

-Мауровиќ е легендарен автор. Тој со право се смета за „татко на хрватските и југословенските стрипови“. Неговото огромно влијание остави неизбришлив и препознатлив визуелен стил на целиот Балкан. Сега македонските читатели можат да го искусат ова ремек-дело на мајчин јазик, додаде Трајков.
Стрип-центрот на Македонија останува верен на својата мисија за ширење на културата. Сите овие изданија се дистрибуираат бесплатно. Тие се наменети за фестивали, културни институции и стрип настани низ целата земја и во странство. Сите заинтересирани читатели и колекционери можат да ги набават овие примероци и директно. За тоа е потребно само да стапат во контакт со самиот центар во Велес. На емаил [email protected]
Со овие капитални изданија, центарот уште еднаш докажа дека македонскиот стрип има светла и исклучително креативна иднина.
Убавка Јаневска

