Ансамбл „Керамичар“ одбележа 72 години негување на македонскиот фолклор, ветеранот Николче Петрушевски добитник на највисокото признание „Плакета“ (видео)
Објавено: 27 октомври, 2026, во 10:23 часот
На годишниот Концерт на најстариот Ансамбл во Велес со кој што одбележаа 72 години постоење Плакета за пет децении активно учество во негувањето на македонската традиција преку фолклорот му беше доделена на ветеранот Николче Петрушевски. Тој високото признание на матичниот Ансамбл го доби за вредно учество на илјадници проби, настапи кои што „Керамичар“ ги изведе на стотици концерти дома и во странство како и за влогот што го оствари како наставник по фолклор кога несебично им ги пренесуваше знаењата на генерации деца и младинци кои со него ги учеа првите кореографии на македонските ора. На Петрушевски високото признание му го врачи претседателот на Извршниот одбор на Ансамл „Керамичар“, Томе Јаневски.
На Годишниот концерт, кој што се одржа во спортска сала на ООУ „Блаже Конески“, настапија сите групи на фолклористи на Ансамл „Керамичар“ со бројни кореографии како и ветераните, со кој што сеуште настапува Николче Петрушевски.



Гости на годинешниот Концерт на Ансамбл „Керамичар“ беа КУД „Мирка Гинова“ – Демир Капија и Фолклорен танцов ансамбл „Веселие“ од Бугарија.


Ансамбл „Керамичар“ додели и признанија поточно Благодарници на локални институции кои се помагатели и на негови соработници.
Убавка Јаневска


