Товарно возило „фиат“ се излизгало надвор од регионален пат Неготино – Лакавица, возачот кој се здобил со телесни повреди бил пијан
Објавено: 28 мај, 2026, во 13:10 часот
Сообраќајната незгода во Одделение за внатрешни работи (ОВР) Неготино била пријавена вчера утро, во 06:30 часот. Таа се случила на регионалниот пат Неготино-Лакавица.
„Таму товарното возило „фиат“ со неготински регистарски ознаки управувано од М.Д.(67) од Неготино излетало надвор од коловозот. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Кавадарци, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. Возилото е одземено и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


