Од фрлен отров на улица се отру домашен миленик и едвај се спасија уште две кучиња во Неготино
Објавено: 28 мај, 2026, во 16:09 часот
Во полициска станица на Одделение за внатрешни работи (ОВР) Неготино вчера, околу 11:50 часот, било пријавено дека на улицата „Димче Мирчев“ бил расфрлан отров подметнат во храна. Од отровот се отруло куче, домашен миленик додека ветеринарен лекар спасил две.
„Пријавител е П.С.(32) од Неготино. Од отровот угинало куче (домашен миленик) во сопственост на Л.Т. (47) од Неготино. За среќа, благодарение на брзата интервенција на ветеринарен лекар, спасени се уште две кучиња – миленикот на пријавителот и едно куче скитник. Увидна екипа на ОВР Неготино излегла на местото на настанот, известен е јавен обвинител и веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на сторителот кој го расфрлал отровот,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


