Лишен од слобода велешанец за малтретирање и тепање на двете ќерки, употребил и дрвен предмет

Објавено: 10 јуни, 2026, во 16:14 часот

Таткото во Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес го пријавила 18 годишната ќерка. Таа при пријавувањето кажала дека во изминатите денови со сестра и биле под постојано  малтретирање и тепање од нивниот родител. Девојката додала дека татко и при тепањето употребил и дрвен предмет.

„Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес, вчера вечер, во 21:15 часот го лишиле од слобода Б.С.(45) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна ќерка дека во семејниот дом физички ја нападнал. Исто така, и од Центарот за социјални работи Велес било пријавено дека изминатите неколу денови, Б.С. физички ја нападнал и неговата малолетната ќерка, при што употребил и дрвен предмет. Според пријавеното, тој подолг период ги малтретирал и физички напаѓал неговите ќерки.  Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од СВР Велес.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.