Нa  пазар со банкноти, во маркет со картичка – како плаќаат велешани

Објавено: 12 јуни, 2026, во 11:52 часот
Фото: Аl креатива

На зелените пазари велешани купеното го плаќаат со банкноти и монети. Во маркетите, кафулињата и трговските центри, каде пазарува воглавно помлада популација, сѐ почесто плаќањето се реализира со едно допирање на картичка или на мобилен телефон.

„Парите во рака се најсигурни“, велат повозрасните велешани. Многумина сметаат дека кога парите ги имаат во паричникот точно знаат колку трошат и колку им останува.

„Од банка, на шалтер, ја земам пензијата и потоа се плаќам со готовина. Имам картичка, но не ја користам“

„Многу ретко плаќам со картичка. Навика е, сакам паричникот да ми е полн со пари“, велат анкетираните повозрасни велешани.

Без готовинските плаќања, пак, стануваат секојдневие, а паричникот кај помладите полека се претвора во место за картички наместо за готовина.

„Со картичка плаќам секогаш кога е можно.“

„Картичката е моето основно платежно средство. Плаќам и на терминали, но и во интернет-продавници”, велат анкетираните велешани кои и припаѓаат на помладата генерација.

Фото: Аl креатива

Бројките покажуваат дека без готовинските трансакции бележат постојан раст, а сѐ повеќе граѓани ги користат картичките и мобилните апликации за секојдневни плаќања.

Банкнота или картичка, паричник или мобилен телефон. Денес тоа е прашање на навика, но утре може да биде прашање на генерација. Додека едни и понатаму сакаат парите да ги почувствуваат во рака, за други доволно е да ги видат на екранот.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.