Семејно насилство во Неготино, го извршил татко над сопруга и малолетен син
Објавено: 15 јуни, 2026, во 12:36 часот
Семејното насилство се случило вчера и било пријавено непосредно откако четириесет и три годишен неготинец кренал рака над една година помлада сопруга и малолетен синЗавршил во Полициска станица на Одделение за внатрешни работи (ОВР) Неготино, соопшти Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
„На 14.06.2026 во 16:25 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.З.(43) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија физички ги нападнал неговата 42-годишна сопруга и нивниот малолетен син. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“соопштија од СВР Велес.
Дијана Иванова


