Осуденик физички нападнал затворски полицаец во велешкиот затвор

Објавено: 16 јуни, 2026, во 11:15 часот

Осуденикот М.Ј вчера попладне го нападнал полицискиот службеник додека бил на работно место и извршувал работни задачи, пишува во соопштението на Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

„На 15.06.2026 во 15:45 часот во СВР Велес, од Казнено – поправна установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес било пријавено дека осуденикот М.Ј. физички нападнал затворскиот полицаец додека извршувал службени дејствија. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од СВР.Велес.

Дијана Иванова

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.