Девојка во Велес тепала вонбрачен сопруг на родената мајка, употребила остар предмет и му нанела повреда
Објавено: 17 јуни, 2026, во 12:04 часот
Дваесет и четири годишната С.К од Велес била приведена во Полициска станица Велес по пријава дека физички се пресметала со 12 години постариот вонбрачен сопруг на нејзината мајка кога употребила и остар предмет со кој што му нанела повреда. Приведената упатила и закани како кон мајка си така и кон нејзиниот вонбрачен сопруг.
„На 16.06.2026 во 14:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода 24-годишната С.К. од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнала 36-годишниот вонбрачен сопруг на нејзината мајка, при што употребила и остар предмет и му нанела повреда, по што им се заканувала на двајцата. С.К. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Дијана Иванова


