Леонид Велинов е ученик на генерацијата во ОСУ „Јовче Тесличков“ – прогласени и најдобрите ученици по години

Објавено: 18 јуни, 2026, во 16:40 часот

Наставничкиот совет при ОСУ „Јовче Тесличков“ – Велес ги избра и ги прогласи најдобрите ученици за учебната 2025/2026 година, оддавајќи признание на нивниот труд, знаење и континуирани успеси во текот на образовниот процес.

За најдобар ученик во прва година е прогласен Филип Пљаков од I-а клас, додека признанието за најдобар ученик во втора година го доби Мерве Исмаилова од II-а клас. Во третата година за најуспешен ученик е избран Марко Варналиев од III-а клас, а во четвртата година признанието му припадна на Емили Петрова од IV-а клас.

Највисокото признание – најдобар ученик на училиштето за учебната 2025/2026 година – му е доделено на Леонид Велинов, кој со своите резултати, посветеност и примерен однос кон наставата се издвои меѓу генерацијата.

Од училиштето упатуваат искрени честитки до наградените ученици за нивната одговорност, истрајност и постигнатите успеси. Нивните достигнувања претставуваат гордост за училиштето и силна мотивација за сите ученици да продолжат да вложуваат во своето образование и личен развој.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.