Загина возач на камион од Кавадарци при истовар на земја во провалија кај „Мрежичко“, го ваделе припадници на специјална полициска единица и пожарникари
Објавено: 1 јули, 2026, во 12:38 часот
Педесет и шест годишниот И.К од Кавадарци загинал вчера, околу 13:00 часот, во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки. Тој го управувал камионот што се превртел и паднал во провалија.
„ Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и полициски службеници од ОВР Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата и по наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција во Институт за судска медицина Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кавадарци,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.
Убавка Јаневска


