Светиниколските ракометни ветерани ги победија велешките на 9-то ноемвриски ракометен ревијален натпревар во Велес

Објавено: 9 ноември, 2026, во 09:30 часот

Ракометните ветерани на “Борец“ беа домаќини на натпреварот со ветераните на Ракометен клуб „Овче Поле“ што се одржа во спортската сала на ООУ „Блаже Конески“ во Велес. Победија светиниколчани кои постигнаа 17 наспроти 13 голови за домаќините. Ова пред се е ревијален натпревар со кој се одбележува празникот на градот Велес, поточно 82 годишнината од ослободувањето и претставува повод за средба на поранешни играчи на двата клуба, рече Сашко Нацев, претседател на ЗГ „Спортски Ветерани Велес“.

На ревијалниот натпревар дресот на РК “Борец“ повторно го облекоа и се натпреваруваа Васил Василев, Лоренс Ангов, Ристе Кацаров, Миле Ордев, Филип Сиљанов, Ристе Богоевски, Трајче Христов, Драган Коцев, Димче Климкаров, Горан Климкаров, Трајче Темелковски, Гоце Тасков, Сашко Глушков, Ивица Илиев, Тоше Кирков, Пепи Петров, Филип Синадинов, Анче Петров и Цобе Андов.

Во ветеранската екипа на РК„Овче Поле“ играа Роберт Панев, Иван Митев, Ивица Конев, Столе Наумов, Игор Павловски, Павле Ѓорчевски, Јордан Стојановски, Благој Крстев и Зоран Диневски а тренер на екипата беше Слободан Даневски.

Ова е трет пат ЗГ„Спортски ветерани Веле“ да организира спортски натпревари или турнир со финансиска поддршка на Општина Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.