Син агресивно се однесувал кон мајка и дома ја удрил со стаклен предмет
Објавено: 23 јули, 2026, во 15:41 часот
Четириесет и две годишниот Д.Ш бил вчера вечер приведен од страна на полициски службеници привеле во Полициска станица Велес поради агресивно однесување кон неговата 26 години по возрасна мајка која ја удрил со стаклен предмет.
„На 22.07.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ш.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ја удрил со стаклен предмет. Д.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.
Убавка Јаневска


