Лишен од слобода кавадарчанец, полицијата утврдува дали пијан само се заканувал на возач

Објавено: 27 јули, 2026, во 13:40 часот

Настанот се случил, според полицијата, вчера, во близина на кавадаречкото село Крњево каде триесет и две годишен маж наводно застанал пред туѓ автомобил и во пијана состојба упатил закани кон сограѓанин или нападнал возачот.

„На 26.07.2026 во 13:00 часот во село Крњево, кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Г.Т.(32) од Кавадарци, постапувајќи по две пријави. Според пријавеното, во близина на село Крњево, тој застанал пред патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал Д.Б.(53) од Кавадарци со двајца сопатници, при што им се заканувал со остар предмет. Неговите родители се обиделе да му го одземат предметот,  а тој бегајќи од нив паднал и се повредил. Според втората пријава од Б.Ј.(71) од Кавадарци, околу 11:30 часот во близина на село Бохула, кавадаречко, Г.Т. му се заканувал и го нападнал со дрвен предмет. По преземени мерки и извршени проверки, било констатирано и дека Г.Т. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи (СВР) Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.