Бошковски: Најголем парк во државата што го симболизира македонското знаме доби општина Лозово (видео)
Објавено: 20 август, 2026, во 14:11 часот
Вака изгледа снимена од дрон новата парковска површина во Лозово, административниот центар на истата општина.
Паркот се простира на површина со вкупно 14.000 метри квадратни, наменет е за рекреација и спорт на граѓаните на локалната заедница. Новата јавна зелена површина специфична е по својот изглед затоа што од воздух прикажува глетка на македонското знаме. Просторот, кој според својот изглед е единствен во државата, е поделен на две зони додека средствата за изградба обезбедени се преку проект финансиран од унгарскиот кредит, вели градоначалникот Бошко Цветковски.
Паркот свечено ќе биде пуштен на празникот 8 септември, на 35 годишнината од независноста на Македонија. Во моментов површината се доуредува со тоа што на бехатон патеките се поставува осветлување со лед траки за во вечерните часови, со што засега е единствен парк од ваков вид во земјава.
Вториот проект што го реализира Општина Лозово е партнерски, со општина Свети Николе, со која што се поврзува преку пат кој мине низ село Ѓузумелци.
Убавка Јаневска



