Нестабилно со дожд и грмежи уште денес и утре

Објавено: 18 август, 2020, во 08:48 часот

grmoteviciidozd fin

18.08.2020

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. 

Максималната температура до 34 степени.

УХМР и за утре предвидува дека ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Од четврток следува период на стабилно, сончево и потопло време. За викендот максималните температури треба да достигнат до 36 степени.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.