Стефан Николовски со прв историски стенд-ап во „Борис Трајковски“ – половина арена распродадена за неколку часа
Објавено: 3 септември, 2026, во 08:21 часот
Започна продажбата на билетите, вчера утро, за големиот стенд-ап спектакл на Стефан Николовски – „Ацо е наш“, кој ќе се одржи на 12 декември 2026 во „Борис Трајковски“, а само неколку часа подоцна – половина од арената веќе беше распродадена!
Како што објави Прв.мк. станува збор за еден од најголемите потфати на македонската стенд-ап сцена досега. Простор резервиран за најголемите концерти и спортски спектакли, овојпат ќе биде домаќин на големо комичарско шоу.
Николовски веќе има искуство пред илјадници гледачи, но овојпат застанува како носител на сопствен спектакл, а како специјален гостин е најавен Тони Михајловски.
Интересот уште во првите часови покажува дека публиката е подготвена за стенд-ап во аренски формат.
Од мали сцени и клубови – до најголемата арена во Македонија!
Дума.мк
