Ценовен шок – дизелот поскапува за 6, а екстра лесното масло за дури 8 денари!
Објавено: 7 септември, 2026, во 13:11 часот
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која значително се зголемуваат малопродажните цени на сите нафтени деривати. Новите цени стапуваат на сила од ноќеска на полноќ.
Граѓаните и стопанството од полноќ ги очекува драстично поскапување на горивата. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, најголем скок бележат цените на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, додека бензините поскапуваат за три денари по литар.
Во однос на претходните цени утврдени на 31 август 2026 година, новите малопродажни цени на горивата изнесуваат:
- ЕУРОСУПЕР БС-95: Поскапува за 3,00 ден/лит и новата цена ќе изнесува 97,00 ден/лит.
- ЕУРОСУПЕР БС-98: Поскапува за 3,00 ден/лит и новата цена ќе изнесува 99,00 ден/лит.
- ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V): Поскапува за дури 6,00 ден/лит и новата цена ќе изнесува 101,00 ден/лит.
- Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): Бележи најголемо зголемување од 8,00 ден/лит и новата цена ќе изнесува 105,00 ден/лит.
- Мазут М-1 НС: Поскапува за 1,591 ден/кг и новата цена ќе изнесува 46,001 ден/кг.
Новите цени стапуваат на сила од 00:00 часот и ќе важат до следната редовна или вонредна одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Дума.мк

