Шведскиот амбасадор Ола Солстром на кафе со пијанистката Андријана Арлен во пресрет на „Silver Night Tour 2026“
Објавено: 28 октомври, 2026, во 09:10 часот
Музиката, културата и поврзаноста меѓу Македонија и Шведска беа главните теми на пријателскиот разговор на кафе меѓу шведскиот амбасадор Н.Е Ола Солстром и македонско-шведската пијанистка и композиторка Андријана Арлен.
Во пријатна и неформална атмосфера во „Сити Гурме“ во центарот на Скопје, амбасадорот и пијанистката разговараа за музиката, културата и животот во Македонија и Шведска, како и за претстојната македонска турнеја „Silver Night Tour 2026“.
Андријана Арлен, која повеќе од две децении живее и твори во Шведска, со своето музичко творештво претставува пример за културната поврзаност меѓу двете земји.
По заедничкото кафе, амбасадорот Солстром сподели фотографија на своите социјални мрежи, заблагодарувајќи ѝ се на Андријана за интересниот разговор за музиката, културата и животот во двете земји. Во објавата го најави и почетокот на нејзината македонска турнеја, истакнувајќи дека со нетрпение го очекува концертот во Скопје на 7 декември, годинава, во Македонската филхармонија.
„Silver Night Tour 2026“ носи современ музичко-сценски концепт што ги спојува класичната музика, авторските композиции, електронските ритми, оркестарот, вокалните изведби, танцот и визуелната уметност во едно впечатливо доживување.
Турнејата официјално започнува на 31 октомври во Театар во Велес, со почеток во 20:00 часот, а продолжува во Битола на 12 ноември, Штип на 14 ноември и Скопје на 7 декември.
Проектот е во продукција на ИНФЕРА Студио, со визија за создавање современи музички доживувања и доближување на класичната музика до новите генерации.
Пријателскиот разговор на кафе во Скопје уште еднаш ја истакна моќта на музиката како универзален јазик што поврзува луѓе, култури и држави.
ПР текст


